hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Тренинг победа за старт на новата сезона на Барселона

kopljar 1

Сант Кугат - Барселона 16:42 (7:25)

Ракометарите на Барселона обезбедија финале на Каталонскиот Суперкуп и наредниот петок против Грањолерс ќе се обидат да го одбранат првиот од седумте трофеи освоени минатата сезона. Против нисколигашот Сант Кугат, европскиот првак забележа победа од 26 разлика, во првиот официјален меч по 16 дена подготовки.

Кога по 11 минути, Лазаров и другарите поведоа со 0:8 јасно беше дека мечот ќе биде само тренинг за Барселона. Пасквал им даде шанса на двајцата новајлии, Копљар и Сипржак, а заради повреда не настапи капитенот Томас и последното засилување Јиха. Двајцата тренери многу менуваа, а забележливо беше дека Барса користеше четири кружни напаѓачи во текот на 60 минути. Само благодарение на голманот на Сант Кугат, Елои Гутиерез на одмор се замина со +18 за фаворитот. Вториот дел беше само формалност и како да се играше без одбрани. Во победата од 16:42 за Барселона се истакнаа Лазаров со 7 и Сигурдсон со 5 гола.

Рутенка беше автор исто така на 5 гола (4 од седмерец), а по 4 додадоа Гурбиндо, Копљар, Нодесбо и Алеиш Гомез. Во тимот на Сант Кугат покрај голманот Гутиерез, по 5 гола постигнаа Калвера и Џордан. Наредниот петок против Грањолерс во Џирона, Барселона го игра првото од двете финалиња против каталонскиот комшија. Подоцна на 2 септември двете екипи ќе играат и во ASOBAL Суперкупот на Шпанија. Мечот во населбата Сант Кугат блиску до Барселона го следеа 800 љубители на ракометот.

Share