hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Јиха од денес официјално соиграч на Лазаров

0b56ec1e-305f-11e5-acef-f80f41fc6a62

Филип Јиха од денес не е повеќе член на Кил и потпиша договор со европскиот првак, Барселона. Клубот од Каталонија утрово го официјализираше ангажманот на најдобриот чешки ракометар на својата официјална веб страна. Чешкиот репрезентативец е големо засилување за Барселона и трет новајлија по Сипржак и Копљар.

Неговото доаѓање треба да го пополни изостанокот од Никола Карабатиќ, кој замина во ПСЖ. Јиха настапуваше за Славија Плзен, па во2000 година мина во Дукла. Афирмацијата ја стекна во Сент Гален во 2003 година, а во Германија се пресели две години подоцна во Лемго. Откако во 2007 година го засили Кил, два пати стана европски првак, седум пати ја освојуваше Бундеслигата, а во 2010 година беше прогласен за најдобар светски ракометар.

Во неговата богата колекција пет пати во освојуваше и Купот на Германија, еднаш IHF Суперглоб, а има и трофеј од EHF Купот во дресот на Лемго. Како и нашиот Лазаров, така и Јиха два пати беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, а на европското првенство во 2010 година го доби признанието за најдобар стрелец и МВП на турнирот. За својата репрезентација, која играше во истата група со Македонија во квалификациите за ЕП во Полска 2016 година, Јиха одигра 148 меча и постигна 816 гола.

Share