hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Лазаров нај-стрелец, Сигурдсон нај-играч на турнирот во Кил

kil strelec

Барселона ја започна новата сезона онака како што ја заврши старата. Победата на турнирот во Кил, каде европските прваци ги победија Кил и Лајпциг е јасна најава што ги чека ривалите и во сезоната 2015/16. Нашиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров со 11 гола на двата натпревари е прогласен за најдобар стрелец на турнирот.

Исланѓанецот кој токму од Кил дојде во Барселона, Гудјон Валур Сигурдсон е најдобар играч на турнирот, а голманот на Кил, Николас Кацијанис е прогласен за најдобар голман. Денес момците на Паксвал пристигнаа во Каталонија и веднаш имаа редовна тренинг сесија, а следниот натпревар ќе го играат на 21 август во рамките на Суперкупот на Каталонија, каде полуфинален противник ќе му биде Сант Кугат.

Share