Барса авторитетно најдобра на „Унсер Норден Купот„ во Кил

Ракометарите на Барселона се победници на „Унсер Норден Купот„ кој вечерва се одигра во „Шпаркасе арената„ во Кил. Во тромечот во кој играа секој со секого по системот две полувремиња од по 20 минути, Барселона најнапред го победи традиционалниот германски клуб Лајпциг со +10, а потоа и германскиот шампион Кил со +5. Барса по само десетина дена подготовки веќе делуваше хомогено, а посебно расположен беше нашиот Кирил Лазаров кој беше најефикасен и на двете средби. Нашиот капитен постигна 6 гола против Лајпциг и 5 против Кил.

Барселона - Лајпциг 31:21 (16:12)
Барселона:
Шариќ, Гонзало, Лазаров 6, Ентрериос 2, Жалуз 5, Сигурдсон 3, Гурбиндо 2, Виран Морос 4, Копљар 2, Сармиенто 2, Арињо 3, Томас 2
Лајпциг:
Милошевиќ 6, Биндер 1, Јурдц 3, Зомер 1, Штајнерт 1, Нојнман 1, Потер 2, Мешке 1, Семпер 3, Јанке 1, Грес 1
Кил - Барселона 16:21 (7:9)
Кил:
Ландин, Сјостранд, Канељас 2, Дувњак 4, Вујин 4, Екберг 4, Абелман Брокман 1
Барселона:
Шариќ, Гонзало, Лазаров 5, Сигурдсон 4, Ентрериос 3, Сорондо 2, Жалуз 2, Сармиенто 2, Копљар 2, Сипржак 1




