Хелветиа Анаитасума, прв ривал на Барса во ASOBAL лигата

Денес шпанската ASOBAL лига го обелодени календарот за сезоната 2015/16, во која Барселона влегува како шампион и бранител на трофејот, но и единствен фаворит за титулата. Фаворитот во првото коло ќе игра со Хелветиа Анаитасума на домашен терен во „Палау Блауграна„. Терминот за одигрување на првото коло е 5,6 септември, но со оглед на тоа што Лазаров идругарите ја бркаат светската титула во Доха, овој меч ќе биде поместен за првиот слободен термин.
Против Натурхаус Ла Роха, каталонците ќе играат во14 коло во Логроњо а во 29 во Барселона. Во следните кола следи и каталонското дерби со Грањолерс во 15 коло во Барселона и во 30 последно коло на теренот на вицешампионот. Есенскиот дел од ASOBAL лигата завршува на 12 декември, а пролетниот почнува на 6 февруари 2016 година, веднаш во европското првенство во Полска. Последното 30 коло и спуштањето на завесата е предвидено за 6 јуни 2016 година.




