hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Учесниците на кампот добија сертификати и примерок од книгата на Лазаров

20150628 123230

По последната тренинг сесија, доделени беа сертификатите на сите учесници на кампот. Покрај признанијата, сите учесници ја добија и првата книга на Кирил Лазаров со наслов „Седум„ и со посвета лично од капитенот на македонската репрезентација.

Тренерите на петте групи и нивните асистенти ги поделија пред последниот ручек и ги испратија учесниците на кампот задоволни дома да ги средуваат впечатоците од првиот камп „Кирил Лазаров 7„. Многу брзо сите ќе го сонуваат вториот камп, а наскоро ќе дознаат кога и како тој ќе биде организиран.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share