Јоновски: „Јас гледав видео касети од мојот идол, а овие деца го имаат Кире покрај себе„

Ацо Јоновски има огромно искуство од играње професионален ракомет на високо ниво. Покрај за македонската репрезентација настапуваше и во 4-5 странски национални првенства, па добро знае што значат за младите ракометари ваквите кампови, работата со професионални тренери и постојанмониторинг над децата. Тој го спореди кампот со условите, кога тој ги правел првите чекори во ракометниот спорт.

„Чест ми е што сум дел од овој камп. За разлика од мое време, условите се многу подобри. Ние немавме можност директно да се дружиме со нашите идоли. На пример мој идол беше Пепи Манасков и за да научам нешто од него моравме да го гледаме на телевизија, да го гледаме на видео касети, на фотографии. Сега децата го имаат еден Кире Лазаров цела една недела покрај себе и сигурно дека од тоаможат само да научат. Ја поздравувам идејата за кампот и верувам дека ќе стане традиционална„ вели дефанзивецот на нашата ракометна репрезентација, Ацо Јоновски.
Во настапите во Турција, Данска, Швајцарија и Шпанија, стружанецот во новата сезона ќе игра и во Германија.




