Кирил Лазаров скоро секогаш директно се вклучуваше во работата на некоја од групите и со совети и практични примери ги советуваше пред се бековите за нивните движења, тактички детали и слично.
Вчера одработи и еден целосен инвидуален тренинг за начинот како да се напаѓа противничката одбрана од гледна точка на бековите. Будно ги следеше сите групи од најмладите до највозрасните и корегираше каде што тоа беше потребно.