Брестовац: „Воодушен сум од кампот, може да стане најдобар на Балканот„

Помошникот на Ивица Обрван во стручниот штаб на сениорската репрезентација, Данило Брестовац го искажа своето задоволство од работатана неговата група и од организацијата на целокупниот камп.
„Навистина сум воодушевен од организацијата, на почетокот бевме малку скептични бидејќи сме „пионери„ во оваа работа, но еве доаѓаме до последните денови без никакви проблеми. Ние како тренери ги имаме сите можни услови за надградба на учесниците во кампот. Ракометарите се спремни на сите оптеретувања кои ние му ги поставуваме како тренерски тим. Се надевам дека кампот ќе го надградуваме и ќе стане најдобар на балканот.

Талентот во самата изградба придонесува во изградба на самата личност, но акцентот го поставивме на работа. Јас сум воодушевен како мојата група одговара на начинот на кој работиме, на три тренинзи дневно„ вели Данило Брестовац. Веројатно Брестовац може добро да процени каков е развојот на учесниците на кампот и нивното секојдневно исправање на грешките. Затоа со оптимизам треба сите заедно да гледаме на иднината на нашиот машки ракомет.




