Групата на почетници најзабавна, но и најодговорна

Прилепчаните Горан Кузманоски и Ице Соколески ја имаат најмладата група на почетници на кампот и се задоволни од тоа како минуваат деновите на кампот и колку од планот кој го предвидоа е остварен.
„Сакам да им се заблагодарам на организаторите. Ова е за мене ново искуство, иако во Романија кога имам слободно време околу еден час дневно работам и посветувам време на работата со најмладите категории. Забавно и одговорное да се работи со почетници. Ние со Ице Соколески ја прилагодивме програмата на нивната возраст и среќни сме што ги гледаме децата задоволни. Да организираш еден ваков камп од 150 деца не е мала работа и верувам дека ќе стане традиционален и долги години ќе се одржува„ вели македонскиот репрезентативец, Горан Кузманоски.

Заедно со него уште еден прилепчанец во стручниот штаб на кампот, Соколески има искуство со работасо млади категории и секојдневната работа ја оценува како позитивна.
„Јас и Горан ја подредивме програмата на нашата група на почетници и работиме на нивната психомоторика, пас, игри со децата и слично. Се оди во најдобар ред и јас сум задоволен од сработеното„ вели Ице Соколески. Шегите и анегдотите кај најмладите се најчести, но и одговорноста е најголема. Од оваа група на деца има огромен интерес и веројатно бројот на учесници на кампот до в година ќе биде уште поголем.




