hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: „Среќен сум што пак ќе играм пред македонската публика„

 GPF0972.v1428776771

Втора година по ред екипата на Барселона ќе игра во група со македонски претставници во Лигата на шампионите, што радува кај нашата ракометна публика во пресрет на почетокот на сезоната. Капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров исто така го искажа своето задоволство што Барселона пак ќе дојде на гости во Македонија.

„Среќен сум што ќе бидеме во иста група со Вардар и што пак ќе играм во Македонија пред нашата публика. Вардар ќе биде поквалитетен од минатата година, ги дуплира позициите. Мислам дека со овој нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите повеќе проблеми ќе имаат екипите што имаат јака лига, затоа што и во така напорниот распоред сега ќе биде уште попеколно. Групата воопшто не е битна колку е силна, битно е да сме здрави и во форма од март до јуни. Повеќе или помалку, сите екипи ќе имаат победи и порази во групната фаза, поради новиот систем на натпреварување" вели Кирил Лазаров за групата која ја доби европскиот првак Барселона. Каталонците ќе се обидат да ја одбранат титулата, нешто што никому не му успеало, откако за титулата се решава преку завршен турнир во Келн.

Share