hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Филип од Исланд по 6 години на нова средба со Кире Лазаров

dete112

Кога во 2009 година, Македонија го загуби клучниот меч во Рејкјавик против Исланд за пласман на европското првенство во Австрија 2010 година, една фотографија ги разнежни македонските срца. Млад македонец со маичката со македонското знаме по мечот на паркетот го тешеше капитенот Кирил Лазаров по поразот и тешкиот „удар„ само една година по големиот успех на мундијалот во Хрватска.

kire dete2

Тоа момче се вика Филип Андонов и денес е член на кампот „Кирил Лазаров 7„. Специјално од Исланд допатува со своето семејство само за да тренира во кампот на неговиот идол. Уште поголемо беше изненадувањето кога на Кире му ја покажа фотографијата од пред шест години. Убава приказна која уште повеќе ја покажува страста кон ракометот во нашата земја и кај сите наши фанови, членови на „Фалангата„ од најмлади до највозрасни. Филип вети дека ќе дојде и идните сезони на кампот, сега кога веќе ракометот му е во „крвта„ како на голем број македонци.

Share