Ф. Лазаров: „По изразот на лицата, децата на кампот се среќни„

Филип Лазаров е еден од оние наши ракометари кои го минале патот од младинските категории до сениорската селекција, врвните европски мечеви во Лигата на шампионите и слично. Тој најдобро знае како се чувствуваат учесниците на кампот и што ова значи за нив.

„Не можам да им влезам во кожата на децата и да знам што мислат и како се чувствуваат, но од она што го гледам сите се пресреќни, задоволни и исполнети. Се работи професионално, се стекнуваат тимските навики и сето тоа е позитивно за идните ракометари. Кампот е квалитетен, има стручен кадар, секојдневно доаѓаат врвни ракометари и од нив може многу да се научат, да украдат некој детал од нив. Не можеме да кажеме дека можат веднаш да научат ракомет, но сигурно ќе го паметат кампот по одредени моменти, тренинзи„ вели помладиот од браќата Лазарови. Тој заедно со Зоран Петковски имаат на располагање квалитетна група на таленти, кои веќе се занимаваат со ракомет во своите клубови и овој камп ќе го надгради нивниотталент.




