
Двајца бивши репрезентативни колеги на Кирил Лазаров, попладнево пристигнаа во хотелот „Аквалина„ во Охрид да ја поздрават идеата за првиот камп на нашиот најдобар ракометар и да помуабетат со старите пријатели. Пепи Манасков, кој играше во сениорската репрезентација со Кирил Лазаров,погледна неколку тренинзи и разговараше со тренерите на кампот.
Неговиот син Дејан исто така ќе биде гостин до крајот на неделата. И бившиот колега на Лазаров од младинската репрезентација, Ристе Калајџиоски дојде во Охрид да ја посети неговата ќерка, која е меѓу најталентираните во кампот и на подарок од Кирил Лазаров го доби дресот со број 77 на актуелниот европски првак, Барселона.