
Вчера по отворањето и официјалното фотографирање на сите групи на ракометниот камп, официјално започнаа со работа сите групи на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„.

Сите тренери по однапред предвидената програма, го започнаа еднонеделното дружење со ракометните таленти од државата и околината. Кирил Лазаров активно се вклучи во сите активности на кампот уште од самиот почеток.

Со големо внимание ги следеше и момчињата и девојчињата и нивната посветеност на стартот од кампот. Првите вибрации се позитивни и коментарите врзани со организационата платформа на кампот, наидуваат на одобрување на учесниците и нивните родители.

