Лазаров: „Нема место од Македонија од каде немаме учесници на кампот„

Со официјалното фотографирање започна и официјалната програма на кампот „Кирил Лазаров 7„ кој се одржува во Охрид. Пред првиот тренинг на кој активно учествуваше нашиот најдобар ракометар, Лазаров го изрази своето задоволство од масовноста и организацијата на кампот.
„Мислам дека ова е нов проект. Мене како иницијатор на овој проект ми е посебно драго што од цела Македонија имаме деца учесници во кампот, дури и ми е жал за оние деца кои ги одбивме, бидејќи ја пречекоривме предвидената бројка. Се надевам дека ќе има разбирање кај нив и се надевам дека во идните изданија ќе успееме да ги задоволиме. Како што реков имаме момчиња и девојчиња од сите делови од нашата земја, па и од деловите каде не е развиен ракометот, но ние сме спортска нација, но јас и мојот тим се надеваме дека во овие седум дена ќе створиме добра база, да Македонија не се грижи за својата иднина„ рече Лазаров.
149 деца од цела Македонија и некои момчиња и девојчиња од соседните земји, веќе започнаа да ги следат своите тренери во одредени категории и го минуваат првиот ден на кампот на Кирил Лазаров во Охрид.




