Идната сезона ЕХФ ги УЕФА ги поклопија финалните мечеви

19.750 гледачи синоќа во „Ланксес арената„ го следеа финалето помеѓу Барселона и Веспрем, со што ЕХФ уште еднаш го положи испитот што се однесува гледаноста и исполентите трибини. Дури се продадени и 8.000 билети за следното издание, кое ќе се одржи на 28 и 29 мај 2016 година, повторно во Келн. Тоа е само првиот дел од билетите кои етапно ќе се продаваат во текот на остатокот од годината и следната пролет.

По втор пат ЕХФ и УЕФА ги поклопија термините за своите финални натпревари, бидејќи идното финале на фудбалската Лига на шампионите ќе се игра на 28 мај во Милано, а истиот ден се играат полуфиналните мечеви на следниот Final four во Келн. Финалето е ден подоцна на 29 мај во „Ланксес арената„. Кога единствен пат дојде до слично поклопување во 2011 година, Барселона ги доби двете финалиња. Стана европски првак во фудбал на „Вембли„ со победата над Манчестер Јунајтед со 3:1, и во Келн кога каталонците предводени од Шариќ и Рутенка го совладаа Сиудад Реал на Кирил Лазаров.




