Јубилеен меч број 300 на Барса во Лигата на шампионите, вреден титула
Вечерашното финале не е било кој меч, туку јубилеен меч број 300 на Барселона во Купот или Лигата на шампионите во ракомет. Трофејната шпанска екипа може да го заокружи јубилејот со титула, ако од 18:00 часот го совлада Веспрем, во нивото прво меѓусебно финале на Лигата на шампионите. Барса ќе го игра своето 16 европско финале, 13 во најсилниот Куп. Уште поимпозантен е билансот во Келн, каде Барса доаѓа до своето четврто финале од пет настапи на завршниот турнир.
Само минатата година се „сопна„ во полуфиналето со Фленсбург. Со рекордните кои ги поставува во шпанскиот ракомет, каде има преку 60 последователни победи и две перфектни лиги со 30 победи од 30 мечеви, сега Барса брка рекорди и во Европа. Во потрага по осмата лигата на шампиони, а деветта титула европски првак, каталонците бараат зацврстување на вечната листа. Од крајот на осумдесеттите започна хегемонијата на Барселона во европскиот ракомет. Главно најзаслужни беа членовите на дрим-тимот на Валеро Ривера, кои освоија пет последователни титули, но и во модерната ера со Хавиер Пасквал, Барса пишува историја. Ќе се памети ли 300 меч во Лигата на шампионите по една голема победа?




