hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Карабатиќ и Сорондо тргнуваат по гренд-слем колекција

img 2569

Мотивите да се добие едно финале се огромни. Некој ги пронаоѓа кај себе, некој во групата на ракометари, некој кај навивачите и кулоарите. „Семоќниот„ Никола Карабатиќ и неговиот репрезентативец колега Седрик Сорондо се на само еден натпревар да го повторат успехот на нивниот сонародник Тјери Омејер во 2010 година.

Имено ако Барса попладнево слави против Веспрем, Карабатиќ и Сорондо ќе имаат олимписка, светска, европска титула со француската репрезентација и Лига на шампиони со нивниот клуб. Такво нешто во интервал од две години му успеало само на Омејер, кој во 2010 година стана европски првак како главен актер во победите против Сиудад Реал на Душебаев во полуфиналето и Барселона на Чави Пасквал во финалето на првиот final four организиран во „Ланксес арената„ во Келн.

Share