hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Илиќ: „Сега имаме повеќе енергија откако го совладавме Кил„

ves 2

Системот на натпреварување не дозволува премногу навраќање на полуфиналните мечеви, бидејќи останува многу малку време пред финалето и треба да се подготват и најмалите детали. Ракометарите и тренерот на Веспрем еуфорични по победата против Кил очекуваат крунисување на сезоната во мечот денес попладне против Барселона.

„Секако дека имаме шанса во финалето, сега имаме уште повеќе енергија откако го совладавме Кил и се надевам дека ќе успееме„ рече во пресрет на финалето првиот стрелец на Веспрем, Момир Илиќ. „Ако имаше кутија од мраз во хотелот ќе останев во неа 24 часа се до финалето за да се рекуперирам. Ова е многу значајно за унгарскиот ракомет. Знам што значи за нив да се стигне до финалето. Верувам дека денес можеме да направиме чекор понапред„ вели тројниот освојувач на Лигата на шампионите, Кристијан Цајс. „Можеме да ја крунисаме сезоната ако ја совладаме Барселона. Секогаш е тешко да се игра со Барселона, но финале е и тука не очекува голема борба„ смета Мирко Алиловиќ. Тренерот Ортега остави трага во Веспрем откако го наследи ветеранот Мочаи и сега е на еден чекор до место во историјата.

ves 1

„Навистина сум горд на мојата екипа, и за тоа што го одиграа во финалето и за целата сезона. Барселона ја напуштив пред 10 години, сега сум во Веспрем, мислам само на Веспрем„ изјави тренерот на унгарскиот првак. Овие две екипи минатата година во Келн беа тажни во недела наутро, бидејќи мораше да играат меч за трето место, а еве година дена подоцна нестрпливо го очекуваат мечот за титулата.

Share