hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса историски многу поуспешна од Веспрем

finale keln 1

Во претходните 29 години, Барселона и Веспрем се среќавале во мечеви од европските купови дури 15 пати. Далеку подобар биланс имаат каталонците кои славеле на 10 меча, само еднаш било нерешено, а 4 пати се радувал Веспрем. Играле во сите рангови, во групна фаза, во полуфинале, четвртфинале или осминафинале на Лигата на шампионите. Се сретнале и во во КПК, кога Веспрем го носеше старото име Епиток.

Последниот нивни дуел е минатата година во Келн, но во мечот за третото место, кога Барса победи со 26:25. Покрај Кирил Лазаров дресот на двете екипи го носеле Угалде и Ласло Наџи. Капитенот на Веспрем веќе два пати бил европски првак со Барселона. Ако дури 12 ракометари на Барселона веќе биле европски прваци, покрај Наџи, кај Веспрем троен европски првак е и Кристијан Цајс со Кил, двоен шампион со „зебрите„ е и Момир Илиќ, Нилсон со Хамбург, Угалде со Барселона и Чема Родригез со Сиудад Реал исто така имаат европска титула. И тренерот на Веспрем, Антонио Карлос Ортега настапувал и освојувал многу трофеи со Барселона во периодот меѓу 1995-2004 година.

finale keln 2

Сите меѓусебни дуели на Барселона и Веспрем:

1986 - Епиток - Барселона - КПК - полуфинале 27:25 (13:12)

1986 - Барселона - Епиток - КПК - полуфинале 29:19 (13:10)

1998 - Веспрем - Барселона - Лига на шампиони - четвртфинале 33:28 (19:13)

1998 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - четврфинале 32:27 (13:15)

1999 - Веспрем - Барселона - Лига на шампиони - четвртфинале 29:29 (14:15)

1999 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - четвртфинале 29:24 (16:11)

1999 - Веспрем - Барселона - Лига на шампиони - групна фаза 23:31 (13:16)

1999 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - групна фаза 25:21 (13:13)

2003 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - осминафинале 33:29 (18:15)

2003 - Веспрем - Барселона - Лига на шампиони - осминафинале - 31:26 (16:14)

2010 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - четвртфинале 33:27 (17:15)

2010 - Веспрем - Барселона - Лига на шампиони - четвртфинале 33:34 (19:15)

2011 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - осминафинале 28:21 (14:13)

2011- Веспрем - Барселона - Лигат на шампиони - осминафинале 30:26 (15: 8)

2014 - Барселона - Веспрем - Лига на шампиони - меч за трето место 26:25 (9:10)

 

Share