hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Финале број 13 за Барселона, а второ за Веспрем

barca champion dream team

Можеби за многумина неочекувано, но прв пат во едно европско финале ќе играат најтрофејните екипи на Шпанија и Унгарија, Барселона и Веспрем. Барса зад себе има 12, а Веспрем едно финале. Двојно повеќе победи од порази во завршните натпревари имаат каталонците, а откако се игра завршен турнир во Келн, Барселона има една победа и два порази во финалните натпревари.

Сите финалиња во Лигата на шампионите на Барселона:

1989/90 - СКА Минск - Барселона 26:21, 29:27

1990/91 - Барселона - Пролетер Зрењанин 23:21, 20:17

1995/96 - Барселона - Елгоријага Бидасоа 23:15, 23:23

1996/97 - Барселона - Загреб 31:22, 23:30

1997/98 - Барселона - Загреб 28:18, 22:28

1998/99 - Барселона - Загреб 22:22, 28:19

1999/00 - Барселона - Кил 28:25, 29:24

2000/01 - Портланд Сан Антонио - Барселона 30:24, 25:22

2004/05 - Барселона - Сиудад Реал 28:27, 29:27

2009/10 - Кил - Барселона 36:34

2010/11 - Барселона - Сиудад Реал 27:24

2012/13 - Хамбург - Барселона 30:29

MZS 2706

Сите финалиња во Лигата на шампионите на Веспрем:

2001/02 - Магдебург - Веспрем 27:19, 31:19

Мечот за титулата почнува денес од 18:00 часот.

Share