hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пасквал: „Во финале сме без нашиот најдобар ракомет„

pres paski

Видливо беше дека Барса во две ситуации кога можеше да го дотолчи противникот, му даде можност да се врати. Но кога се укажа и трета шанса за предност од 4-5 гола, момците на Пасквал дефинитивно резултатски „побегнаа„ до место во финалето. На прес-конференцијата, двата тренери беа согласни дека подобрата екипа ќе игра за трофејот.

„Ја заслуживме победата, бевме подобри, иако не го игравме нашето највисоко ниво на ракомет. Од почетокот на сезоната велам дека имаме одличен голмански тандем, бидејќи кога не му оди на едниот голман, тука е другиот. Затоа секогаш зборувам за тандем, а не за еден или друг голман„ рече тренерот на шпанскиот првак, кој утре тргнува по втора европска круна, откако се игра Final four во Келн. „Имавме предмногу грешки во првиот дел. Дури шест пати ни паѓаше топката од рацете. Кога стигнавме да израмниме, пак почнавме да грешиме. Барса физички беше многу моќна, го држеше нивото високо со 7-8 ракометари и заслужено победи. Сега само се грижам да ги вратам моите ракометари ментално пред мечот за 3-4 место„ коректен беше по мечот Талант Душебаев. Малото финале е утре во 15:15 часот, а големото од 18:00 часот. Билетите и за утрешните мечеви се распродадени.

Share