Рутенка го пропушта финалето?

Забележливо беше дека петкратниот освојувач на Лигата на шампионите, белорусинот Сергеј Рутенка е далеку од посакуваната форма. Сепак физички не е подготвен за овој тип на напори и многу веројатно нема да настапи на утрешното финале со Веспрем, заради болки во грбот.
„Откако се врати од настапот за својата репрезентација, скоро и да не тренираше. И да има шанса 5 минути да ни помогне, јас ќе сметам на него„ истакна на прес-конференцијата тренерот на Барселона, Хавиер Пасквал. Белорусинот одигра 5-6 минути во периодот, кога Карабатиќ заработи второ исклучување и не се снајде најдобро, промаши три шута и имаше две загубени топки. Од ракометарите кои сеуште се активни, тој е најтрофеен во европските купови, со пет трофеи во Лигата на шампионите со три различни екипи: Цеље Пивоварна Лашко, Сиудад Реал и Барселона.




