hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Унгарците слават и пред „Веспрем арената„

foto vesprem arena

Толку очекуваната одмазда пристигна. Оние кои стигнаа до билет за „Ланксес арената„ во живо уживаа во одбраните на Алиловиќ и головите на дивовите Илиќ и Наџи, а останатите од Веспрем ги бодреа „црвените„.

ves. navivaci 2

Организирано пред „Веспрем арената„ стотици навивачи на најтрофејниот унгарски тим се собраа и како да се во сала, навиваа за момците на Ортега. Им се погоди и времето, кое за разлика од Келн беше многу топло, па се забавуваа со многу испиено пиво и понатаму во вечерта ќе го прославуваат финалето на Лигата на шампионите.

ves. navivaci

Како и Барса, која утре оди по шестиот трофеј во сезоната и Веспрем до сега освои се што можеше да се освои. Најнапред Суперкупот на Унгарија, па СЕХА лигата, Купот на Унгарија и пред неколку недели и шампионатот на Унгарија. Кому ќе му припаднат сите трофеи оваа година, ќе дознаеме утре од 18:00 часот.

Share