Веспрем во прво историско финале, утре на мегдан со Барса

Final four 2015 - Полуфинале
Кил - Веспрем 27:31 (13:13)
Во реприза од ланското полуфинале во Келн, Кил и Веспрем одиграа нов меч со многу емоции во „Ланксес арената„. Македонските судии Николов и Начевски одлично одсудија едно големо полуфинале. Палмарсон прв го отвори резултатот, па Вујин ги предупреди унгарците со нова „бомба„. Паличка побрзо влезе во ритам од Миклер, а Илиќ не го реализира и првиот седмерец за Веспрем. Мина половина од првиот дел, а голови се постигнуваа многу тешко. Руне Данке реализираше за 6:3, по дефинитивното подоброто отворање на мечот на германците. Но Веспрем со Алиловиќ меѓу стативите, преку Илиќ и Иванчиќ за само две минути се доближи до 7:6.
Напорите момците на Ортега да го избришат лошиот почеток, стварност ги направија контрите на Иванчик и Наџи, по кои унгарците прв пат поведоа за тајм-аут на Гисласон (8:9). „Црвените„ полека земаа залет и Андреас Нилсон во 25 минута за прв пат донесе +2 за Веспрем. Палмарсон на инвидуален начин до одморот на Кил му донесе 13:13 и најава за драма и во продолжението. Вториот дел започна со гол на Илиќ, од одпадок по одбранетиот седмерец на Паличка. Србинот и Наџи за кратко време на Веспрем му донесо 13:16 и голема психолошка предност.

Дури во петтата минута од вториот дел „зебрите„ го постигнаа првиот гол во продолжението преку Дамке. Далеку поколективно и поорганизирано играа унгарците и со голови на двата поранешни ракометари на Кил, Илиќ и Цајс, Веспрем дојде до највисоки 17:21. Само Палмарсон се обидуваше од раштимованиот Кил, а Алиловиќ влезе во ритам и почна да брани и зицери. Веспрем со 3,4 разлика и многу помоќен колектив влезе во последните 12,13 минути. Кога Сулиќ постигна два гола како на фотокопија по контранапади, при 21:27 Гисласон побара тајм-аут. Во 52 минута Ренато Сулиќ заработи црвен картон, а со голот н Канељас од седум метри Кил се доближи на 24:27. Шпренгер погоди од контра за - 2, а имаше уште долги 7 минути. Сепак Илиќ и Иванчик не дозволија целосно доближување и Веспрем го приведе мечот кон крај до финална победа од 27:31. Реванш на унгарците за поразите во четвртфиналето пред две години и полуфиналето минатата година. Кај Веспрем воодушевување предизвика Алиловиќ, најефикасни Илиќ со 8 и Наџи и Иванчик со по 7 гола, а во Кил единствена светла точка беше Палмарсон со 9 гола. Прв пат во историјата Веспрем ќе игра финале на Купот или Лигата на шампионите и тоа против екипата која најчесто играла финале, Барселона.




