hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Каталонците едногласни: „Клучот на победата беше Даниел Шариќ„

mndkssa

Полни со среќа и задоволство, со озарени лица и широки насмевки, ракометарите на Барселона го анализираа мечот и пласманот во финалето. Сите кои се појавија пред новинарите го истакнаа Даниел Шариќ, како клучен човек во финишот кога се „кршеше„ резултатот. „Влеговме во дилема, кога така лесно ја загубивме предноста од 5 гола. Но знаевме што се случи минатата година во слична ситуација. Овој пат не сакавме да се повтори историјата. И не се повтори„ изјави фантастичниот Никола Карабатиќ, кој по 25 минути заработи две исклучувања, но го одигра мечот до крај без проблем и со одличен учинок во двете фази.

„Смената на голманот ја направи разликата. Гонзало бранеше добро, но Шариќ беше едноставно фантастичен„ рече кратко по мечот капитенот на Барселона, Виктор Томас. „Беше многу тешко како и што очекувавме. Последните 10 минути беа клучни, а таму Шариќ беше неверојатен. Целата екипа ја адаптира на цврста одбрана и успеавме во целта„ рече исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон, кој утре ќе ја брка првата европска титула. Јунакот, катарскиот репрезентативен голман по мечот беше јасен: „Невозможно е да се скрши веднаш толку квалитетна екипа. Имаат многу интернационалци и огромно искуство. Но нивната одбрана ни дозволи неколку лесни голови. И на крајот мислам дека беше повеќе добар тимски настап, од моја заслуга„ скромен беше Шариќ. Сите ракометари на Барселона по мечот со Киелце заминаа во клубскиот хотел да се одмораат, додека се играше второто полуфинале, од кое треба да се дознае противникот на Лазаров и соиграчите за утрешното финале.

Share