hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ќе биде ли трета среќа за Лазаров?

11156134 1563965780535709 8222583956290322458 n

Во своето четврто учество во Келн, Кирил Лазаров го обезбеди третото финале на Лигата на шампионите со надеж дека ќе биде трета-среќа. Откако три пати беше светски првак, еднаш со Атлетико Мадрид и два пати со Барселона, капитенот на македонската ракометна репрезентација утре од 18:00 часот ќе ја има третата шанса да го подигне најзначајниот трофеј во клубскиот ракомет. Првата шанса ја прокоцка како ракометар на Сиудад Реал на 29 мај 2011 година.

Тогаш на спротивната страна беше Барселона и Даниел Шариќ, кој како играч на натпреварот, ги донесе каталонците до трофејот со победа од 27:24. Лазаров постигна 5 гола во тоа финале. Идната 2012 година на 27 мај, пак Лазаров со блескава партија против Копенхаген дојде до финалето, сега во дресот на Атлетико Мадрид. Но Кил беше посилен и успеа да ги совлада шпанците со 26:21. Лазаров пак постигна 5 гола. Утре противник ќе биде или Кил со желба за реванш кај македонецот или неговиот бивш клуб Веспрем. Нека биде трета-среќа за Лазаров?

Share