ВИДЕO: Лазаров: „Се издигнавме и кога Киелце се враќаше, оваа Барса покажа карактер„

Многу конкретно и паметно Кирил Лазаров го искористи своето време поминато на теренот и со воодушевувачка партија се избори за своето трето финале. Тој го анализираше полуфиналето почнувајќи од резултатот, до играта до која се дојде до него:
„Ова е турнир на најдобрите, па нормално е да се случуваат и негативни периоди какви што ни се случија и нас. Два пати водевме со 5 разлика, но противникот се враќаше. Тука ние го покажавме карактерот и се издигнавме за пак да се одлепиме. Мислам дека добро игравме и во првиот дел и имавме шанса со поголема предност да одиме на одмор.Талант малку не изенади со поставената одбрана, не дека не сме играле против таква одбрана, но не ја подготвувавме. Сепак одигравме борбено и мислам дека ја заслуживме победата. Ние функционираме како тим, еднаш сме решавачки јас и Карабатиќ, на другите средби останатите ракометари ќе блеснат. Гонзало е одличен млад голман и верувам дека ќе биде уште подобар, но денес Шариќ со своето искуство штом влезе во игра, ни донесе сигурност и неколку клучни интервенции. Не е важно со кого ќе играме во финалето, важно е дека ние сме таму„ изјави Лазаров по уште една негова блескава партија во Келн, каде со овие 7 гола собра вкупно 42 на завршните турнири, а ги мина и Илиќ и Хансен на врвот на листата на стрелците, надминувајќи ја бројката од 100 гола.




