Карабатиќ и Лазаров одлични, Шариќ беше џокерот, Барса во финале

Final four 2015 - Полуфинале
Барселона - Киелце 33:28 (16:14)
Во преполната „Ланксес арена„ Барселона и Киелце како и пред три сезони играа полуфинале на Лигата на шампионите. Агинагалде прв отвори, но Карабатиќ две секунди подоцна од транзиција израмни (1:1). Започна фајтерски и Раул Ентрериос преку блокот погоди за 2:1 во 5 минута. Лазаров од првиот обид реализираше за 3:2 на истекот од 7 минута. Сигурдсон од контра, веднаш потоа, за прв пат одлепи една од екипите на +2. Летонските судии го исклучија Карабатиќ во 9 минута заради симулација и Бунтиќ и Бјелицки тоа го искористија да израмнат на 4:4.
Но Лазаров по седмерецот кој го изнуди Сорондо, ги врати момците на Пасквал во водство. Се разбрани Гонзало, а момците на Талант Душебаев влегоа во проблеми и Муса и Бунтиќ заработија исклучувања. Лазаров асистираше и Томас два пати ја искористи бројчената предност за веќе осетливи 8:4 во 14 минута и тајм-аут за полскиот првак. Лазаров и Карабатиќ ја носеа Барселона по тек на мечот како што шпанците само посакуваа (10:6). Но полските ракометари не се предаваа и Јурецки, Агинагалде и Бјелецки намалија на 10:9 во 22 минута. Реакцијата на Барса беа свежи сили и голови на Нодесбо и Сармиенто за 12:9 во 24 минута.

Во 26 минута Јахлевски погоди од крилна позиција за 13:12 и по втор пат исклучување заработи најдобриот ракометар на Барселона, Никола Карабатиќ. Но и со ракометар помалку, Барса успеа да ја задржи предноста благодарение на Томас и Нодесбо (15:13). Со подобра игра, шпанскиот првак, првиот дел го реши во своја полза со 16:14. Вториот дел почна со „бомба„ на Лазаров и гол на Сорондо од свртување за 18:14 за фаворитот. Веќе Душебаев стана загрижен, кога Сигурдсон со нов лесен гол, на Барса му донесе највисоки +5. Но каталонците се опуштија и серија од 4:0 направија жолто-сините, со голови на хрватите Чупиќ и Штрлек (19:18). Киелце комплетно се врати во мечот и Мануел Штрлек, од нова контра која тргна од Шего, израмни на 20:20.
Мечот влезе го егал централна фаза, па на голот на Лазаров, возврати Ткачик за 21:21 во 42 минута. Шариќ застана на голот на Барса на половина од вториот дел и веднаш одбрани двоен зицер, со што спречи, прво водство на Киелце. И Душебаев одговори со сличен потег и Шмал го замени Шего минута подоцна. Сармиенто од линијата како втор пивотмен во 50 минута само за момент му даде оддишка на својот тим (28:26). Веднаш потоа Лазаров преку блокот го врати спокојот со шестиот свој гол за 29:26. Нодесбо по одбраната на Шариќ во 54 минута направи голем чекор кон победата, со гол за +4. Во голем стил со голови на најдобрите на теренот, Карабатиќ и Лазаров (атрактивно како против Русија на мундијалот во Хрватска) Барса го заврши мечот без треперење со победа од 33:28 и ново финале на Лигата на шампионите, трето во Келн. Кај Барселона Карабатиќ постигна 8, Лазаров 7, а Валур Сигурдсон 5 гола. Во тимот на Киелце ветеранот Карол Биелицки со 7 гола беше најпозитивен. Во финалето утре од 18:00 часот, Барселона ќе игра против победникот од мечот Кил - Веспрем.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




