Виран Морос: „Да го вратиме пропуштено од мечот со Фленсбург„

Оптимизам ги грее ракометарите на Барселона пред денешното полуфинале против Киелце. Но никој од каталонскиот табор не помислува да го потцени противникот или да влезе несериозно против Киелце. „Пречесто играме завршниц и се знаеме многу добро. Јас веќе се заморив да ги губам клучните натпревари. Имам два порази во полуфиналето и два во финалето, откако се игра во Келн. За она што го пропуштивме минатата година со Фленсбург, мислам ни недостига еден трофеј. Верувам дека оваа година е вистинската. Но кога ќе дојдете во Келн, тоа е признание дека сте имале успешна сезона и дека сте дошле во многу тесен круг за освојување на европската титула„ изјави специјалистот за одбрана, Виран Морос, кој во Келн играше и како член на Сиудад Реал и сега во дресот на Барселона.
„Се лажат тие кои мислат дека Киелце е нешто полесен противник во полуфиналето. Тие со Талант и Агинагалде се многу поорганизирани. Екипите водени од шпански тренери се многу опасни. Така беше и со Вардар на Раул Гонзалез, така е и со Веспрем на Ортега„ рече десниот бек на каталонците, Гурбундо. „Како и Шариќ и Шмал е многу сличен голман. И заради искуството и заради стилот на бранење, наликуваат еден на друг. Шмал беше најдобар во 2009, Даниел во последните години е фантастичен. И тука сум уште јас во Барса и Шего во Киелце, и на двата ова ни е прва сезона и јас сум задоволен што направивме до овој момент. Но сега доаѓа најважното„ зборуваше за голманите, шпанскиот репрезентативец Гонзало Перез де Варгас. На клупите Пасквал против Душебаев е класика уште од времето на Барса против Сиудад Реал и Барса против Атлетико. Последен пат во Лигата на шампионите овие два тренери се сретнаа пред две сезони во четвртфиналето, кога Барселона го елиминира Атлетико на Кирил Лазаров и Талант Душебаев. Подоцна, мадриѓаните се реваншираа во полуфиналето на Купот на Кралот.




