Барселона пред Кил на вечната листа во Лигата на шампионите

Откако во 1993 година ЕХФ го смени системот на натпреварување и наместо Купот на шампионите и два елиминациони натпревари се до финале, воведе групна фаза, а пред шест години и Final four, ракометот доби нова димензија и стана глобален спектакл. За тоа се најзаслужни и две екипи како Кил и Барселона, кои скоро секоја година се присустно во самиот врв на европскиот ракомет и освојуваат трофеи. На вечната листа, тоа се единствените екипи со преку 300 бода и 70% успешност и очекувано се на врвот.
Вечна листа на европските клубови во периодот од 1993 - 2015 година, само во Лигата на шампионите:
1. Барселона 352- 77,88%ж
2. Кил 329 - 75, 46%
3. Веспрем 278 - 69,50%
4. ППД Загреб 228 - 54,81%
5. Атлетико Мадрид 227- 78,82% (клубот повеќе не постои)
6. Цеље Пивоварна Лашко 205 - 58,91%
7. Монпеље 188 - 61,04%
8. Флензбург 173 - 66,54%
9. Хамбург 145 -73,98%
10. Портланд Сан Антонио 134 - 67,00%

На оваа листа од македонските клубови, Металург е на 18 место со 55 бода или 44,36% успешност, а Вардар е на 22 место со 51 бод или 31,50% успешност. Вкупно 31 екипа освојувале бодови во групната фаза на Лигата на шампионите.




