hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Киелце никогаш не ја победил Барселона

barca - kielce 1

Денес во „Ланксес арената„ во Келн, Барселона и Киелце по четврт пат ќе се сретнат во официјален натпревар. Две победи на каталонците и еден нерешен резултат е досегашниот скор. Прв пат овие екипи играле во октомври 2010 година, кога Киелце загуби на домашен терен со 26:33 (11:18). Една недела подоцна во меч кој ништо не значеше во групната фаза, двете екипи играа нерешено 28:28 (15:12). Киелце и Барселона последен пат се сретнаа во јуни 2013 година, кога во полуфиналето на Final four турнирот пред две години, Барса на Пасквал го победи Киелце на Богдан Вента со 28:23 (13:10).

barca - kielce 2

Сепак единствениот пораз оваа сезона во Европа, Барселона го има на гостувањето во Полска, кај вицешмпионот на оваа земја, Висла Плок, на шпанскиот тренер Маноло Каденас. Затоа треба да се биде претпазлив пред денешното полуфинале. Барса има многу поискусен тим, бидејќи дури 12 ракометари веќе ја освојувале Лигата на шампионите, од кои Рутенка пет пати, а Карабатиќ, Виран Морос и Виктор Томас по два пати. Кај полскиот шампион, да се биде на врвот на Европа два пати со Сиудад Реал почувствувал Зорман и два пати со Кил, иако со скромна минутажа, Тобијас Рајхман. Секако големо искуство и европски првак и како играч и како тренер има Талант Душебаев.

Share