hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Каталонците го одработија и последниот тренинг пред полуфиналето

2015-05-28 ENTRENAMENT COLONIA 007-Optimized.v1432838060

Во мала сала во близина на Келн, ракометарите на Барселона го одработија и вториот тренинг откако дојдоа на Final four и со тоа се подготвени за мечот со Киелце. Сите освен Јоан Саубич, кој е повреден, се подготвени и силно мотивирани да го освојат шестиот трофеј во сезоната. Рутенка и Сармиенто ги залечија повредите кои ги мачеа на почетокот од мај и ќе бидат во ростерот на Пасквал.

11393128 1156760644349591 6077674899550269516 n

Сите четири екипи во одделни помали сали ги одржуваат тренинзите и ги подготвуваат најважните мечеви во целата натпреварувачка сезона. По вечерата од 20:30 часот ракометарите имаа технички состанок, на кој учествуваа и претставници на останатите три тима учесници на завршниот турнир. Неколку стотици навивачи на Барселона веќе пристигнаа во Келн, а се очекува и утре претпладне да го наполнат секторот на навивачи на единствениот претставник од ASOBAL лигата во Келн. Исто така многубројни и гласни низ Келн се и навивачите на Киелце.

Share