hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Лазаров и Шариќ потпишуваа автограми пред полуфиналето

JJ autographs 558

Еден од традиционалните спонзори на ракометните приредби и на Final four турнирот во Келн, компанијата „Jack & Jones„ пред почетокот на полуфиналните мечеви во својот простор во Келн организираше дружење на најмладите и на љубителите на ракометот со по двајца ракометари од секоја од четирите екипи присутни во Келн.

23

Така од Барселона беа избрани Кирил Лазаров и Даниел Шариќ кои долго време потпишуваа автограми, се фотографираа и се забавуваа со најмладите. Нешто слично беше и со звездите на Кил, Киелце и Веспрем. Прекрасна практика на организаторот со која ракометната игра добива на тежина, популарност и маркетинг, а со тоа и спонзорите имаат значителен профит.

Share