
Како и пред минатата година кога беше на трибините, но и не и донесе среќа на Барселона, легендарниот капитен на фудбалската екипа до минатата година, Карлес Пујол пак од првиот ред ќе ги бодри Лазаров и другарите. И тој беше изненаден како во мај минатата година, каталонците прокоцкаа добиен натпревар против Флензбург, но оваа година следи нова шанса. Тој и неговите пријатели во дресови на Барса од првиот ред ќе ги следи четирите средби од Final four турнирот.
Дури е и сместен во истиот хотел, каде што се сите четири екипи учеснички. Пред три сезони и Раул Гонзалез Бланко, тогаш како играч на Шалке 04 ја посети „Ланксес арената„ и го бодреше Атлетико Мадрид, во чии редови настапуваше Кирил Лазаров, но во финалето загуби од Кил.