Талант: „Подготвени сме за спортска „војна„
Човекот кој на Шпанија му донесе многу и во клубскиот и во репрезентативниот ракомет, Талант Душеабев денес е главната опасност за Барселона во првото полуфинале во Келн. Тој со големо искуство, познавањето на противничките ракометари и тактичките детали, сигурно ќе подготви најдобра можна тактика за Лазаров и другарите:
„Многу е тешко порано да размислуваме за овој меч, бидејќи до пред некој ден игравме во полскиот плеј-оф. Ќе се обидеме да ги откриеме слабостите на Барселона и да ги затвориме нивните најдобри адути. Подготвени сме да се бориме и очекувам нова „војна„ се разбира во спортски жаргон„ конкретен беше Душебаев. Тој добро го познава Лазаров бидејќи го тренираше неколку години, а заедно со нив беше и Хулен Агинагалде, кој сега настапува за Киелце и се опорави од повредата, па ќе настапи без проблем денес од 15:15 часот. Шпанско минато и тоа многу позитивно во Сиудад Реал има и Урош Зорман, од кого многу нешта зависат во екипата од Полска. Ова е 12 учество во полуфиналето на најсилниот Куп за Барселона и само второ за Киелце. Сепак впечаток е дека во Келн сите се рамноправни и шансите се подеднакви.




