Барса, најдобра во Европа во сите статистички податоци

Во досегашниот тек на сезоната во Лигата на шампионите постигнати се 8765 гола, од кои 657 на квалификационите турнири, 6816 во групната фаза, 850 во осминафиналните мечеви и 442 гола во четврфиналињата. Со 13 победи и само 1 пораз, полскиот Киелце доаѓа со најдобар скор во Келн. Барселона со 466 постигнати гола е најефикасна екипа до овој момент, а ја има и најдобрата гол разлика +109.

Со само 357 примени гола, каталонците ја имаат и најдобрата одбрана во натпреварувањето. 15.200 гледачи во Загреб ја пречекаа Барселона во најгледаниот натпревар оваа сезона. Домашните мечеви на ППД Загреб огромен број ракометни навивачи ги следеа и против Колдинг (14.500), ПСЖ (13.000) и Кил (11.000). Мечот Чеховски Медведи - Вардар 34:39 е најефикасен во сезоната со 73 постинати гола. ППД Загреб и Металург го одиграа мечот со најмал број на голови 19:17 (само 36) во групната фаза.




