Лазаров пак во идеалниот тим на Лигата на шампионите

Денес во хотелот „Радисон Блу„ во Келн пред првиот брифинг на новинарите со ракометарите на полуфиналистите, ЕХФ го објави идеалниот тим на сезоната 2014/15, по однапред одредените номинации на сите позиции. Како и минатата година нашиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров се најде меѓу најдобрите на континентот. Ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев е најдобар млад ракометар, а неговиот татко Талант, тренер на годината.
Идеален тим на сезоната 2014/15:
Голман: Роланд Миклер (Веспрем)
Среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Лев бек: Никола Карабатиќ (Барселона)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Кружен напаѓач: Ренато Сулиќ (Веспрем)
Лево крило: Уве Генсхајмер (Рајн Ловен Некер)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Дефанзивец: Рене Тофт Хансен (Кил)
Најдобар млад ракометар: Алекс Душебаев (Вардар)
Најдобар тренер: Талант Душебаев (Киелце)




