Летонски судии за полуфиналето со Киелце, финалето за романците Дину

Европската куќа на ракометот ги делегираше судиите за машкиот завршен турнир на Лигата на шампионите, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај во „Ланксес арената„ во Келн. Барселона и Лазаров за мечот од полуфиналето добија арбитри од Летонија. Големо признание за македонските судии Николов и Начевски, кој ќе ја делат правдата на второто полуфинале помеѓу Кил и Веспрем.
Полуфинале:
Барселона - Киелце
Судии: Ренар Личис и Зигмарс Столаровс (Латвија)
Делегати: Виктор Конопљиски (Украина) и Хенрик Ла Кор (Данска)
Кил - Веспрем
Судии: Ѓорѓи Николов и Славе Николов (Македонија)
Делегати: Виктор Поладенко (Русија) и Хелмут Виле (Австрија)
Меч за трето место:
Судии: Михаел Јохансон и Јасмин Клико (Шведска)
Финале:
Судии: Константин Дину и Сорин Лаурентиу Дину (Романија)




