hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Теукро се враќа во ASOBAL лигата

teucro

Галицискиот клуб Теукро е нов член на најсилната шпанска ASOBAL лига. Без разлика што загуби на мечот од Барселона Б, Теукро ќе биде меѓу 16 прволигаши наредната сезона. Вкупно 15 сезони оваа екипа играла во најсилната категорија, а последен пат испадна во сезоната 2008/09. Најдолго во шпанската ASOBAL лига, Теукро остана од 1990 до 1997 година, кога цели седум сезони играше во тогаш најсилната лига во светот.

Полуфиналистот на Купот, Хуанферса од Хихон е првиот им кој ќе ја напушти ASOBAL лигата, бидејќи на три средби до крајот на сезоната има само 8 освоени бода.

Share