hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нова битка на Гајиќ и Лазаров за нај-стрелец во квалификациите

EMI 8677

Со одличната реализација во двата меча со Франција, капитенот на нашата најдобра репрезенација Кирил Лазаров изби на третото место на листата на стрелците по четири кола од квалификациите за ЕП во Полска наредната година. Тој има импресивен просек од преку 10 гола по натопревар во првите 4 меча од 6 квалификациона група. Како и на светското првенство во Катар се предвидува „мртва трка„ со словенецот Гајиќ, кој заедно со Ронберг од Финска се водечки со 2 гола повеќе од Лазаров.

Листа на стрелци:

1. Драган Гајиќ (Словенија)      42
2. Андреас Ронберг (Финска)   42
3. Кирил Лазаров (Македонија) 40
4. Тему Таминен (Финска)         39
5. Рамазан Доне (Турција)         37

Share