hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Јоноски со скинатата аркада, а Миркуловски со повредена дланка во Тулуз

fra - mkd 3

Без разлика што двата натпревари меѓу Македонија и Франција беа многу коректни, во двата табори има повредени ракометари. Македонија по првиот меч во Скопје остана без Наумче Мојсоски заради повреда на рамото. Во Тулуз проблем имаше и Филип Миркуловски. Тој уште по 10 минути игра ја повреди дланката, со која имаше проблеми уште во Скопје. Обрван го надополни неговото отсуство со Филип Лазаров, Немања Прибак и Филип Талески во второто полувреме. Ацо Јоноски ја напушти средбата во 45 минута со раскрварена аркада.

fra - mkd 4

Лекарскиот тим бргу реагираше, па ја заши исекотината со два конца и нашиот специјалист за одбрана се врати на клупата, иако не доби шанса до крајот на мечот. Заради повреда на овие два меча во ростерот не беше и Никола Марковски, а од мундијалот во Катар фалеа и Вугринец, Златко Мојсоски и Митревски. Французите во Скопје ги загубија Акамбре и Бараше, од претходно и Ниокас и Фернандез, а на средината од вториот дел од денешниот меч и Даниел Нарцис го повреди коленот при споменатиот дуел со Јоноски.

Share