hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Обрван: „Немавме решение за Карабатиќ, поразот не е срамота„

obrvan francija

Македонија го претрпе вториот најубедлив пораз откако Ивица Обрван е на селекторското место, по поразот од Шпанија со 29:17 во Гвадалахара на 7 април 2013 година. Но не беше се незадоволувачки во 60 минути во Тулуз, каде Франција го визираше билетот за Полска, а Македонија зависи сама од себе пред јунските две последни средби.

„Пак имавме проблеми, Миркуловски се пожали на повреда на раката по 9-10 минути игра, а тоа ни донесе проблеми во ротацијата, во која и така недостасуваше Мојсоски. Од 45 минута го немавме ни Јоноски, но оние кои што беа на терен дадоа сѐ од себе. Додека не беше Никола Карабатиќ во игра евидентно париравме. Со неговото влегување многу полесно течеа нападите на Франција, благодарение на неговата физичка супериорност во дуелите еден на еден. Во Скопје успеавме да го задржиме, со многу подобро колективно движење на одбраната, но овде не можевме тоа да го постигнеме. Дојде до израз големата разлика во квалитетот, а беа мотивирани и од 4000 домашни навивачи. Сепак, ние сме на добар пат, знаете дека нашиот план е во јуни да обезбедиме учество во Полска и ќе бидеме насочени на тие натпревари" истакна по мечот селекторот на Македонската репрезентација, Ивица Обрван. Следниот собир „црвено-жолтите„ ќе го играат во јуни по клубската сезона, а одлуката за второто место во групата ќе падне по мечевите во Швајцарија на 10 јуни и на домашен терен со Чешка три дена подоцна.

Share