hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Во вторник прес-конференција и дружење со Лазаров во „Сити Мол„

karas-7227

Агенцијата за спортски маркетинг, менaџмент и консалтинг КМГ Спорт во соработка со Скопје Сити Мол за вторник на 28.04.2015 година со почеток од 14 часот подготвува дружење за сите фанови на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.На дружењето ќе му претходи прес конференција од 13:30 часот.

Настанот на кој Кирил ќе го најави неговиот прв ракометен камп, кој од 22 до 28 Јуни ќе се одржи во Охрид ќе се одржи на вториот кат (делот кај Синеплекс), каде што сите присутни ќе можат да се дружат, фотографираат и да добијат автограм од популарниот Кире. Ве покануваме на заедничка дружба со најдобриот македонски спортист во вторник во 14 часот во Скопје Сити Мол.

Share