
Средниот бек на Барселона и шпанската репрезентација, Даниел Сармиенто денес ќе мора да подлегне на оперативен зафат на десната рака, како би ги решил болките и проблемите со кои се соочува во последно време. На мечот со Вила де Аранда болките беа големи и ракометарот со лекарската служба решија веднаш да следи операција.
Тој ќе отсуствува 3-4 недели и ќе се обиде да стигне на време за завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн. Договорот на Сармиенто со Барселона истекува ова лето.