hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса и Киелце ќе го отворат Final four турнирот

BARCA - KIELCE

Ден по ждрепката за полуфиналето, ЕХФ ја одреди и сатницата за полуфиналните мечеви во Лигата на шампионите во „Ланксес арената„ во Келн. Така Барселона и Киелце ќе го играат првото полуфинале в сабота на 30 мај во 15:15часот. Веднаш потоа од 18:00 часот ќе се игра второто полуфинале помеѓу Кил и Веспрем.

Ова е различен редослед за разлика од минатата година, кога „зебрите„ и Веспрем го играа првото, а Барса со Фленсбург второто полуфинале. Теоретски во мала предност треба да биде победникот од првото полуфинале, кој ќе има неколку часа повеќе за одмор и рекуперација. Мечот за третото место е в недела на 31 мај во 15:15 часот, а финалето веднаш потоа од 18 часот.

Share