Нов „фестивал од голови„ за Барса против Вила де Аранда

Барселона - Вила де Аранда 46:30 (23:13)
На Барса му преостана полесниот дел од работата во последниот месец од ASOBAL лигата. Момците на Пасквал имаат пет недели да го подготват Final four турнирот од Лигата на шампионите во Келн и мечот со Вила де Аранда вечерва во „Палау Блауграна„ беше еден вид полесен тренинг. Шариќ добро почна на голот, а Нодесбо и Гурбиндо брзо донесоа 4:1 во 6 минута. Разиграниот Сармиенто погоди од место за 9:4 во 12 минута.
Гостите пречесто правеа технички грешки и Гурбиндо од контранапад на половина од првиот дел ја удвои предноста (12:6). Во игра влезе и тунижанецот Жалуз и во 18 минута веќе Барса даде 15 гола и обезбеди +8. Во втората половина од првиот дел шанса доби и Седрик Сорондо и погоди два пати на додавање на Рутенка за 23:13 на полувреме. Раул Ентрериос беше прво име на почетокот на второто полувреме за +13 во 33 минута. Кабањес Гарсија даде два гола и имаше уште едно убаво додавање за Дос Сантос Маестро за 28:17 во 35 минута. Лазаров доби шанса и веднаш погоди за +12, а Рутенка погоди по 30 пат за каталонците. До крајот преостанаа уште 24 минути и на Вила де Аранда му се закануваше катастрофа. Саубич од контра и Лазаров преку блокот реализираа за 34:20, а во игра со два кружни напаѓачи следеа нови голови на Нодесбо и Сорондо за 16 разлика во 48 минута.
Со многу шаренолик тим и со сите ракометари кои добија шанса меѓу стрелците, Барселона лесно го приведе мечот кон крај за финални 46:30. Даниел Шариќ собра 18 интервенции, Жалуз со 7 гола беше најефикасен кај старо-новиот првак, Нодесбо и Ентрериос постигнаа по 5, Сорондо и Рутенка запишаа по 4 гола a Лазаров постигна 3 гола. Никола Карабатиќ и голманот Гонзало добија слободно попладне по двомечот со ППД Загреб. Кај Вила де Аранда најефикасни беа Гарсија Кабањес – Петруса со 9 и Дос Сантос Маестро со 5 гола. Голманот Хавиер Диаз Перез имаше само 7 одбрани. Нова редовна победа на Барселона, која наредниот викенд гостува кај можниот Куп противник, Хуанферса во Хихон. Потоа следува репрезентативна пауза пред мајските последни три кола.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




