
Ракометниот камп „Кирил Лазаров7„ како свој медицински пријател и партнер ја промовира Болницата за хирушки болести „Филип втори„ од Скопје. Како дел од кампот, договорена е соработка за комплетно покривање на настанот од страна на болницата. Така обезбеден е систематски преглед на членовите на кампот, вклучувајќи го и превозот до Скопје.
Исто така медицински обезбеден ќе биде кампот со тим на „Филип втори„. Планирани се и интерактивни работилници со децата, членови на кампот. Првиот камп „Кирил Лазаров 7„ ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни 2015 година.