
Следната сезона ќе се формира фонд од 1.000.000 евра за учесниците на Final four во Лигата на шампионите. На победникот на лигата ќе му припадне сума од 500.000 евра. Со тоа ќе се подигне нивото на натпреварувањето, интересот и фокусираноста на клубовите.
Новина е тоа што ако актуелниот шампион на Лигата на шампионите не обезбеди пласман преку домашното првенство, неговата федерација ќе има право да бара за него дополнително место во наредната сезона на лигата.